Можеби ви звучи контрапродуктивно, но колку квалитетно време одвојувате за себе така градите посолидни меѓучовечки односи со другите околу вас. Оваа недела важно е да одредите што ви носи радост и да се посветите на тие мали навики кои се важни за среќа. Најдете го детето во себе и прашајте го што е тоа што му е важно сега.
Работа
Ова е успешен период за Вагите кои се занимаваат со креативна работа. Оваа недела ќе ги поставите темелите за идните проекти и планови, а ова е и одличен период за едукација и усовршување на вештините. Можно е да бидете во борбено расположение, но не си измислувајте битки кои не постојат. Ако другата страна одолговлекува, а вам ви се брза, потрудете се да бидете трпеливи и смирени. Трошоците ви се слаба точка, оваа недела.
Љубов
За оние кои се во врска, ова е недела во која ќе функционирате одлично, а многу од активностите ќе бидат поврзани со спалната соба. Некои ситуации ќе бидат бурни, но пробајте да не реагирате интензивно и да ги решите со бакнежи, страст и романса. Некои Ваги ќе се соочат со сопствените стереотипи и ќе успеат љубовта да ја видат од еден поинаков агол.
Слободните Ваги потребно е да најдат време за себе и да променат некои навики кои не им носат ништо добро. Ако ви се допаѓа некоја личност, емоциите ќе ви го покажат патот, нема потреба од интензивни анализи. Имате повеќе додворувачи, само треба да го изберете она што го сака вашето срце.
Здравје
Алергии, главоболки, проблеми со синусите.