Вага

Вага (23. IX – 22. X)

Работа

Прифатете ја работата и завршете ги сите задачи на време. За да избегнете конфликти во иднина, потрудете се добро да се поставите кон соработниците. Можна е понуда за дополнителна работа која ќе ви донесе дополнителни приходи, прифатете ја. 

Љубов

За оние кои се во врска, во партнерските односи можно е да дојде до кулминација во однос на некој конфликт кој трае подолго време. Не го сфаќајте тоа како нешто негативно, туку едноставно како повик да ги расчистите работите со саканата личност. Ако ви се понуди извинување, прифатете го. 

Слободните Ваги  ќе бидат многу популарни. Прифатете ги сите повици за дружење, бидејќи голема е веројатноста да ја сретнете својата сродна душа овој период. 

Здравје

Поработете на своето ментално здравје.

Работа

Ќе се соочите со неколку препреки во текот на август, но тие дефинитивно не треба да се причина да се откажете и да дозволите стресот да ве победи. Едноставно, сфатете ги како дел од работата и фокусирајте се само на оние нешта кои можете да ги промените. Задржете ја смиреноста, не дозволувајте да ве обземе лутина. Ова е период каде вашето трпение е ставено на тест. Љубов

Ако сте во врска: Во партнерските односи се чувствувате стабилно и смирено, но само додека е по ваше. Кога саканата личност ќе се спротистави на вашите желби, веднаш бунтувате и ништо не ви е во ред. Сепак, партнерот нема да има премногу трпение за вашата постојана желба за контрола, па можни се конфликти. Можеби е време да размислите дали е тоа добра навика и колку ви штети во самиот однос. 

Ако сте слободни: Слободните Ваги треба да се држат цврсто до своите ставови и вредности овој месец и да бегаат од површни односи. Ова е период на развивање и учење.

Здравје

Потребна ви е детоксикација.

Работа

Оваа година напорно ќе работите за да го добиете тоа што го сакате, а нема да постојат предизвици кои не можете да ги совладате. На крајот, ќе дојдат и резултатите од таквиот труд.

Финансиите ќе бидат најдобри во периодот јануари - февруари и тој тренд ќе ве следи до крајот на летото. Можно е враќање на долгови, но и продажба на недвижнини кои ќе ви донесат зголемени финансии.

Љубов

Ако сте во врска или брак, и понатаму ќе се занимавате со препреки, но годината ќе биде мирна и ве очекува добар однос со саканата личност, без промени. 

Слободните Ваги навлегуваа во 2020 со големи очекувања, највеќе поради разочарувањата од претходната, но веќе во април доаѓа средба од судбински карактер.

Здравје

Преморени сте, потрудете се да одмарате повеќе.