Лав

Лав (23. VII – 22. VIII)

Време е за успеси! Понеделничкото затемнување на Сонцето во зоната на експанзија со која владее Овен ви дава жед за учење и/или страст за авантури, што ве води до нови возбудливи места и можности за раст. Спојувањето Марс-Сатурн во среда во вашиот сектор за интимност, управуван од Рибите, ве мотивира да ги продлабочите врските со взаемна ранливост и доверба.

Работа

Се трудите да се истакнете во јавноста, но на моменти како да ви снемува амбиција. Можеби ви е потребен одмор, и покрај тоа што имате многу идеи, но и многу работа. Ќе добиете повеќе понуди, но добро размислете што се исплати. Можно е да дојдете подобро работно место.

Љубов

Оние кои се во врска се трудат да бидат во центарот на вниманието, но тоа може да и пречи на саканата личност. Можни се проблеми со партнерот, особено ако станува збор за Овен или Вага.

Лавовите кои се слободни имаат можност да дојдат до стабилност. Ве очекува повик од еден Стрелец. 

Здравје 

Склони сте кон повреди.

Април е интензивен месец.

Работа

Месецот почнува со ретроградниот Меркур на 1 април во вашата деветта куќа на филозофии и верувања.  Во оваа конкретна клима, вашата ситуација најверојатно ќе доживее големи пресврти во наредните недели. Бидејќи она што ви изгледа добро еден ден, не секогаш е добро следниот ден.  Затоа, за да не носите одлуки за кои наскоро би можеле да зажалите, ќе треба да покажете малку самоконтрола, но и авторитет во текот на месец април. Со оглед на вашиот карактер, вие лесно можете да го постигнете тоа. 

Иако сте длабоко приврзани за вашиот систем на вредности, реалноста на вашиот секојдневен живот често не го отсликува тоа. Како и сите нас, морате да направите некои отстапки за да се прилагодите на реалноста на општеството во кое живеете. Во следните недели, веројатно ќе почувствувате дека дојде време за мал бунт. Но, тоа не е ништо лошо. 

Новата месечина на 8 април ве поканува да ги истражите можностите кои постојат на полето на кариерата. Со проширување на вашите перспективи, секогаш ќе си давате најдобри шанси да се развиете на начин што ќе ги одразува вашите најдлабоки желби. 

Затоа, во наредните недели ќе почувствувате дека промените се неопходни. Што е проблемот со тоа? Вашето расудување ќе биде пристрасно од вашата жестока желба да направите нешто поинаку. Ако не сакате да носите одлуки за кои наскоро ќе зажалите, неопходно е малку да паузирате. Дишете длабоко!

Со почетокот на сезоната на Биковите, Сонцето ја осветлува вашата десетта куќа на социјален статус. Ќе доживеете зголемена видливост, а и значително ќе се подобри вашата репутација. Подгответе се за достигнувања, креативни потфати и многу нови поддржувачи. 

Полната месечина на 23 април ќе ве поттикне да се приближите до вашите соништа и да ги оставите вашите секојдневни грижи за некое време зад себе. Потребата да сонувате ќе ви помогне подобро да ги дефинирате вашите вистински цели и исто така да ги разберете аспектите од вашиот секојдневен живот кои повеќе не функционираат за вас. Бидете внимателни: оваа свест е само почетна точка на нова авантура. Не правете грешка да донесете одлука премногу брзо, или наскоро ќе зажалите. Разумноста е доблест што не треба да се занемари.

Љубов

Сомнежите кои ќе почнат да ви поминуваат низ глава на почетокот на април во голема мера ќе се однесуваат на вашата емотивна ситуација. Доколку сте ангажирани во сериозна врска, можна е промена на срцето. Во секој случај, најсреќните парови обично се оние кои се согласуваат да се менуваат заедно со текот на времето. Колку и да е безбедна, заедничката рутина исто така може да биде особено опасна.

Барате сродна душа? Можеби таа посебна средба е на повидок. Меѓутоа, ако сакате да го забележите тоа, ќе треба да смените некои од вашите убедувања. Љубовта не е секогаш онаму каде што очекувате да биде.

Со крајот на ретроградниот Меркур на 25 април, конфликтите се намалуваат и веќе успевате да не ги сфаќате работите толку лично. Доаѓа полесен и постабилен период во кој целосно ќе можете да се посветите на љубовта. 

Најдобар ден за љубов е 28 април. Имајте на ум дека, вашиот љубовен живот е маратон, а не спринт. Сатурн ви носи можност да погледнете кон иднината и да замислите што е она што го сакате покрај себе. Ќе се фокусирате на долгорочните цели, без оглед на вашиот љубовен статус. 

Здравје  

Пробајте да ја намалите нервозата преку рекреација и физички активности. 

Доаѓа прекрасна година за Лавовите!

Годината ви носи силна волја и ентузијазам, а некои приказни и соништа кои биле недовршени претходно, конечно ќе се реализираат во 2024 година.

Можен е мал стрес, но вие сте храбра личност и ќе успеете да се носите со сите предизвици. Најголем успех ги очекува оние Лавови кои се занимаваат со истражување. 

На пролет, ќе имате потреба да направите некаков ред во вашите пријателства. Задржете ги оние кои ве прават среќни, а кажете им збогум на токсичните луѓе кои се дел од вашиот живот. 

Ако сте сами, почетокот на годината е одличен и оптимистичен за вас, а вие сте во одлична форма. Стабилноста и рамнотежата наоѓаат свое место во вашиот живот. Вашиот труд ќе се исплати и ќе бидете ценети за своите напори. 

Кон крајот на годината, никого нема да оставате рамнодушен. Вашата харизма ќе биде заразна. 

Работа

За оние Лавови кои се посветени и амбициозни, оваа година ќе донесе многу посветеност и труд. Вработените ќе треба да покажат повеќе труд за да бидат забележани на работното место, но тоа ќе донесе и напредок и посакуван успех. 

Оваа година ви е наклонета и за промена на работното место. Ќе ги одржувате добрите односи со колегите и тоа нема да ви оди ешко, но бидете внимателни во периодите на многу работа. Избегнувајте ги полемиките и конфликтите. 

Почетокот на годината е особено добар за полето на кариерата. Ќе успеете да го материјализирате својот напор, а Јупитер ви нуди можност за промена на работното место или унапредување. Ако работите во државна администрација, би можеле да бидете преместено на друго работно место. Но, ако работите во приватниот сектор, првиот квартал на годината исто така би можел да ви донесе промена на работното место, на ваше барање. 

Август би можел да биде тежок за вашата работа. Но, октомври и ноември се идеални за вас. Економската ситуација значително ќе се подобри, а оваа година би можеле да дојдете до свој недвижен имот, или пак да се преселите во нов дом. Април и мај се совршени месеци за овој потег. 

Љубов

Вашиот љубовен живот ќе ви донесе мали предизвици во текот на 2024 година. Затоа, треба да бидете внимателни. Може да дојде до проблеми и раздор во љубовниот однос, поради некое мало недоразбирање. Понекогаш ќе бидете незадоволни со својата врска. Но, наместо да се лутите, потрудете се да ги решавате проблемите со саканата личност. 

Но, околностите нема секогаш да се тешки. Постојат моменти на зближување и продлабочување на врската, особено ако заминете на подолго патување на кое ќе сфатите колку ви значи саканата личност. Ако сте во долга врска, оваа година ќе биде одбележана со брак. 

Но, ако сте сами, не треба да брзате во нови врски. Оваа година ќе биде подобра од претходните, но на вас останува да го изберете она што е најдобро за вас. 

Здравје 

Здравјето е во суштина одлично. Во првите месеци од годината би можеле да имате проблеми поврзани со настинки и грип, но затоа ќе треба да се грижите за своето здравје. Оваа година ќе имате помал стрес поради намалениот притисок на работа, но кога и да се соочите со ваков проблем, важно е да најдете филтер за да ја исфрлите негативната енергија. 

Можни се болки во стомакот, лошо варење, главоболка и кашлици.

Хороскоп по месеци

Јануари – посакувате добра професионална прилика. Работите се средуваат полека, но само ако сте инспирирани од енергијата околу вас. Бидете уверени дека доаѓа крај за некои проблеми со кои се соочувавте во изминатиот период. Вашата желба за љубов се остварува, така што слободните претставници би можеле да сретнат една посебна личност овој период. 

Февруари – Соочени сте со некои препреки, па затоа можеби ќе се чувствувате како нешто или некој да е против вас. Имате потенцијал да се изборите со сите предизвици, но само треба да верувате во себе. Бидете флексибилни во односите со луѓето, но имајте на ум дека не можете да им угодите на сите.

Март – Некој ве провоцира, но имајте предвид дека тоа нема да трае вечно. Тензиите би можеле да настанат на работното место, но и во вашите лични односи, но на вас останува да издржите. Ако сте во врска, имате голема љубов и поддршка од саканата личност. Не барајте покачувања од овој месец, тешко ќе ви биде да дојдете до она што го сакате.

Април – Некои ситуации би можеле да ви предизвикаат потешкотии. Некогаш сте во искушение да се предадете, но овој месец ќе се борите да победите. Некои работи ги гледате поинаку од другите и тоа ви предизвикува добро чувство. Свесни сте дека сте посебни. Не ја губете присебноста, тоа е најдобриот став за да постигнете успех. Не се откажувајте од своите идеи, само малку почекајте.

Мај – Од вас енергиите бараат да забележите добро како некоја ситуација се развила и да го следите нејзиниот тек. Овој месец е одличен за да се посветите на своите идеи и да побарате поддршка за нивна реализација. Ако сте во врска, чувствувате стабилност и не сакате да дозволите никој да го разниша тоа. Слободните претставници преферираат авантури повеќе од нешто стабилно.

Јуни – Влегувате во пријатна фаза. Среќни сте и оптимистични и лесно остварувате влијание над другите луѓе. Освен тоа, лесно се инспирирате од другите и така собирате идеи. Ова е одличен период за вас. слободните Лавови се вистински заводници овој месец. Обожавани сте од сите околу вас.

Јули – Работите се одвиваат во ваша корист. Овој месец ви носи целосно уживање. Меѓутоа, склони сте кон умереност и не претерувате во ништо. Ако во врската се соочите со проблеми, најдобро е да разговарате за тоа со саканата личност. Не се трудите да ги контролирате сите ситуации, тоа е невозможно.

Август – Се чувствувате дека вртите во круг, а тоа влијае на вашето расположение. Но, доаѓаат нови можности кои ќе ве мотивираат. Ако сте во врска, добро е да најдете време за саканата личност. Ова е одличен месец за одмор или кратко патување. Слободните Лавови би можеле да се запознаат со личност од друга држава.

Септември – Искористете го овој период за да решите некои работи кои чекаат на вас. Донесете ги најдобрите одлуки за себе и не се правдајте за она што сметате дека е праведно. Во љубовта, ве очекуваат позитивни ситуации без оглед на вашиот љубовен статус. Препуштете се на љубовта и уживањето.

Октомври – ова е енергија која ве поттикнува да создавате и да се борите. Успехот е неизбежен за вас. Лесно ви оди со секоја иницијатива или креација. Можни се и партнерства, но и финансиска добивка. 

Ноември – преземете контрола. Потрудете се сите ситуации да ги видите од еден поинаков агол, за да знаете што е потребно да преземете. Важно е да преземете акција и да покажете решителност. Овој месец ви носи пријателства кои многу ќе ви помогнат и ќе останат во вашиот живот на подолг рок.

Декември – Енергијата која ја носи последниот месец од годината е поврзана со нови личности кои ќе станат дел од вашиот живот. Ова е месец во кој треба да верувате во чуда. Во љубовта, се наоѓате на вистинското место. Имате партнер кој ве разбира и не ви е потребно ништо повеќе. Слободните претставници би можеле да се заљубат во личност од работа.