Лав

Лав (23. VII – 22. VIII)

Дали сте подготвени за промени? Венера влегува во вашиот знак во понеделник и ја зголемува вашата храброст со цел да ги споделите своите чувства, надежи и потреби со другите. Во недела, Плутон повторно влегува во Јарец во вашата зона на добросостојба и ви помага да се вратите во форма. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци и ви носи поврзување со пријателите.

Работа

Ова е одлична недела за нови почетоци. Конечно излегувате од фаза во која многу работи беа тивки. Сега имате сила за нови победи. На некои луѓе од вашата околина не им се допаѓа вашиот ентузијазам, но не обрнувајте внимание на тоа. Само следете го своето темпо.

Еден предизвик на работното место ќе ве стави во ситуација да покажете колку умеете, што ќе биде забележано и од вашите надредени. Ќе ги изненадите другите со своите идеи и критичко размислување. Ваквите мали победи ви носат оптимизам, нешто што ви е потребно во овој момент. 

За некои Лавови доаѓа до зголемување на приходите преку хонорарна работа. Обновете го своето знаење за странски јазици, ќе ви биде потребно.

Љубов

Лавовите кои се во врска имаат голема поддршка и внимание од саканата личност. Вашата љубовна врска е како бајка. 

Слободните претставници имаат тешкотии да воспостават нови контакти. Крајот на неделата ви носи стабилизација. Некои Лавови ќе добијат желба да обноват некој контакт во минатото, но не очекувајте премногу за да не се разочарате. 

Здравје 

Време е за диета.

Јуни е месец во кој ќе бидете во центарот на вниманието, како никогаш досега. 

Работа

Почетокот на месецот е одличен, но ви носи разговори со прилично своеглави соработници чие друштво ќе ви годи, но нема да сакате да им попуштите за работните активности. Одредени работи ќе направат да се колебате и да се сомневате во своите вредности, но смирете се. Ништо не е така како што изгледа. Ќе имате одлична соработка, а и поддршка од Лав, Рак, Бик или Јарец, а со некој од нив веројатно и доверлив разговор кој ќе ве однесе поблиску до успехот. 

Месецот почнува со одличното поврзување на Јупитер со Северниот чвор на судбината на 1 јуни, што ви носи одличен момент да ги исполните своите соништа на ова поле. На 3 јуни, полната Месечина во Стрелец ви носи силен бран на инспирација, но и мотивација да се изборите за она што верувате дека го заслужувате. 

На 17 јуни, Сатурн почнува да се движи ретроградно во Риби што ќе ви донесе потреба да ги скршите правилата и да заборавите на нив целосно. Одморете ако тоа ви е потребно, но бидете внимателни ако имате важни обврски во овој период. 

Со почетокот на владеењето на Ракот, ќе успеете да здивнете и малку да одморите од сите напорни обврски. 

Љубов

Овој месец би можел да се одрази лошо за оние Лавови кои се во врска во која веќе постојат проблеми и недоверба. Јуни не е одличен месец за големи одлуки поврзани со брак и заедничко живеење. За жал, некои претставници на овој знак ќе се решат да започнат тајна авантура со личност која ја познаваат преку работа родена во знакот Овен или Шкорпија.

Слободните Лавови имаат чувства кон личност која ја запознале преку социјалните мрежи, но не пишувајте премногу и преземете важен чекор да се запознаете директно со нив и така да одлучите колку ви одговараат.

Полната Месечина на почетокот на месецот на 3 јуни е во вашата куќа на задоволство, а тоа ви носи силна страст. Ако сте во врска, поминете го овој ден со саканата личност и целосно препуштете се на задоволството. Добрите вибрации продолжуваат на 5 јуни со влегувањето на Венера во вашиот знак. Таа ќе остане во овој знак во текот на летото, а токму овој датум ви најавува слатко и романтично лето. 

На 11 јуни, Меркур влегува во Близнаци што е одличен момент да се поврзете со своите пријатели и да уживате. Некои слободни претставници на овој знак би можеле да се заљубат во блиска личност, овој период. 

Периодот на владеење на Раковите почнува на 21 јуни што може да донесе мала тага и носталгија. Кај некои Лавови ќе се јави потреба да се поврзат повторно со личност од минатото, но што и да одлучите да направите, не брзајте со своите одлуки. 

Здравје  

Можни се мали проблеми со колената и зглобовите. 

Ова е година на нови почетоци и успеси!

Добредојдовте во 2023, драги Лавови. Вие добро се снајдовте и минатата година кога успеавте да исполните многу долгорочни планови и да создадете позитивни аспекти и за во иднина. 

Ова е година која ви носи многу нови можности. Почетокот на годината би можел да биде хаотичен, но како што изминуваат деновите ќе се чувствувате среќно, задоволно и исполнето. Венера ви носи љубовна енергија за која што пишуваат поетите. 

Кариерата ќе ви биде во голем фокус во текот на целата година. Иако можеби ќе ја почнете 2023 со очекувања и нервози, сепак сето тоа ќе исчезне на почетокот на март. Ќе бидете благословени со можности за подобрување на образованието, но и далечни патувања. Венера и Овен ви нудат многу поволни можности, па така успехот е загарантиран. 

Од јуни до октомври тргнувате во нови љубовни авантури, а крајот на годината ќе ја круниса со љубов. 

Некои луѓе ќе се трудат да ве искористат, но ќе биде важно да ги држите очите широко отворени и да ја слушате интуицијата во однос на некои од нив. Не заборавајте дека семејството е најважниот столб, како и оние луѓе кои никогаш не ве изневериле. Потпирајте се на нив секогаш кога некој ќе се постави како да му должите нешто, а ве познава многу малку. 

Љубов

Хороскопот за 2023 година е позитивен и ви носи многу љубовни можности. Ова е едно од полињата каде ќе бидете особено успешни, поради влијанието на Венера низ текот на целата година, а особено во март. Вашите љубовни интереси знаат да се менуваат, но луѓето кои ќе ги среќавате ќе ве исполнуваат со убава енергија и ќе имате можност да учите од нив. 

Можеби почетокот на годината ќе биде тивок на ова поле, но работите ќе се сменат брзо. Ќе имате силни емоции, ќе бидете харизматични, а ќе среќавате и личности кои одговараат на вашата енергија. 

Оваа година е особено поволна за оние Лавови кои сакаат да направат чекор напред и да ја најдат својата вечна љубов. Вакви можности ќе има многу особено на почетокот и крајот на годината. 

Но, влијанието на Сатурн може да предизвика одредени проблеми во првите четири месеци. Потрудете се само да не го носите минатото со себе во оваа година, туку да влезете со нова и чиста енергија. Јупитер ќе влијае позитивно на врските и браковите во летниот период, но оние кои се во брак треба да се внимателни во март, бидејќи Меркур би можел да донесе недоразбирања, како и мешање на трети лица во врската.

До средината на годината, Раху и Сонцето ќе се здружат и ќе ви донесат стабилизација во љубовните односи. Ако дојде до различни ставови и размислувања, прифатете го тоа како нешто што ќе ви помогне да ја продлабочите врската и подобро да ја запознаете саканата личност. Ова е и период кога би можеле да размислувате многу за тоа дали да останете во врската или дали да ја продолжите комуникацијата со некоја личност ако не сте во врска, но потрудете се да размислувате разумно. 

Крајот на годината ви носи одлична можност за заедничко патување кое повторно ќе ве спои и ќе ви донесе магија во врската. 

Ако сте слободни, не се потпирајте само на среќата, туку потрудете се свесно да им пристапувате на оние кои ви се допаѓаат и искрено да ги покажувате своите чувства. Најдобар период за почеток на нова врска се летните месеци. Голем дел од слободните претставници ќе имаат среќа на ова поле, па затоа треба да бираат мудро меѓу многуте кандидати. 

Кариера

Силниот Јупитер им носи голема поддршка на родените во овој знак. Но, почетокот на годината бара поголем напор и ангажирање со цел да го исполните замисленото. Раху ќе носи хаос и компликации во првите три месеци, но вие сте силни и храбри и ќе успеете да го надминете тоа. 

Вашето ниво на самодоверба ќе биде одлично и оваа година е одлична да влезете во нови води или пак да откриете некој нов талент кој не сте ни знаеле дека го имате. 

Избегнувајте ги луѓето кои се лошо друштво или кои постојано ви даваат лоши совети. Но, не влегувајте во конфликти со колегите кои не знаат што сакаат, а постојано се споредуваат со вас.

Ако барате работа во странство, вториот квартал од годината е одличен за тоа. Промената на работното место највеќе се препорачува во месеците јуни и јули, кои ви носат голема среќа на ова поле. Ако имате сопствен бизнис, периодот меѓу јули и септември е најдобар за проширување на работењето. 

Трпението и упорноста ќе ви помогнат да успеете да ги постигнете своите цели во 2023, но ако се соочите со притисок, потрудете се да земете одмор и да се смирите.

Финансии

Сатурн е планета на кармата, а моќниот Сатурн на почетокот на годината бара од вас да не се фокусирате на минатото, туку да погледнете напред кон иднината. Не ве очекуваат големи промени на ова поле во првите четири месеци од годината. Но, имајте на ум дека Марс може да го одложи успехот, што може да ве направи лути и вознемирени. Но, верувајте во позитивниот исход и потрудете се да заборавите на малите пречки. 

Од јуни ќе почнете да размислувате за различни инвестиции, а една од нив може да ви донесе голем профит до крајот на годината. Некои Лавови во овој период би можеле да добијат унапредување или покачување на платата, но доаѓаат и интересни дестинации за патување поврзани со работата. 

За да бидете среќни и исполнети, во вториот дел до годината ќе биде важно да ги одржувате своите ветувања, но и да бидете внимателни околу трошењето. Последниот квартал од 2023 ќе биде најдобар за вас поради влијанието на Јупитер. Тој ќе ви донесе и заработка од недвижен имот и земјоделство. Октомври е најдобар месец за купување возило, ако тоа ви е во план. Јупитер е познат како учител кој го цени знаењето, па така важно е да донесете одлуки базирани на информации кои се релевантни за вас.

Здравје

Здравјето дефинитивно нема да биде причина за грижа за вас, освен во текот на летните месеци. Ќе уживате во добро здравје и расположение, но ако забележите мали симптоми, посетете лекар. 

Почетокот на годината под влијание на Сатурн  и Раху може да ви донесе зависност од храна, а особено слатки, па така ќе биде важно како се храните. Во 2023 година се препорачува грижа и за очите и видот. Носете очила пред  компјутер, кој ќе ви помогнат на долг рок. 

Некои Лавови би можеле да се соочат и со проблеми со телесната тежина, но и стрес поради многуте обврски. Јогата и медитацијата би можеле да ви помогнат да останете смирени. Исто така, се препорачуваат и дремки во текот на денот. 

Хороскоп по месеци

 Јануари: Ова е месец кој може да ви донесе мала вознемиреност, па затоа е важно да се чувате. Бидете опуштени и духовити и обидете се да внесете оптимизам во својот живот. Ако успеете да ги контролирате своите реакции, сèќе биде во ред. 

Февруари: Ќе морате да обрнете внимание на своите реакции и во текот на овој месец, ако сакате тој да биде успешен. Вашиот инстинкт е да бидете отворени и директни, но тоа не е секогаш мудро со некои луѓе. Земете го предвид и туѓото мислење колку и да не се согласувате со тоа. Слободните Лавови имаат шанса за силна страствена романса, овој месец. 

Март: Јупитер ви носи среќа во вашиот живот, а полека ќе се ослободите и од тешкото влијание на Сатурн. Ова е месец кој ви ги носи вистинските луѓе во вашиот живот. од вас се бара брзина во акцијата и реакцијата. Вашиот живот ќе ја промени брзината, а вие ќе треба да се приспособите на тоа. 

Април: Јупитер го продолжува своето влијание во ваша корист и ви нуди можности кои ви овозможуваат да ги остварите своите таленти и знаење. Ако посакувате, лесно можете да добиете можност да ја промените својата ситуација во онаа област која ви е важна. Со некои енергии од универзумот ќе треба да се изборите, но работите ќе бидат во ваша корист. Бидете дипломатски настроени и соработливи, но и помалку посесивни во љубовните односи.

Мај: Можни се мали предизвици во текот на овој месец, но наместо да се откажете, направете чекор наназад и извршете евалуација. Некои доцнења ќе се случат, но тоа не ви биде поттик да го усовршите своето работење и да се фокусирате на незавршените обврски. 

Јуни: Во овој месец го вадите најдоброто од себе, но понекогаш и најлошото. Космичката енергија ви дава поттик да ги исполните своите цели. Имате неверојатен талент и харизма, а на луѓето околу вас им се допаѓа тоа. Вашата љубов добива друга димензија. Ќе изјавувате љубов, ќе се заљубувате на прв поглед и ќе имате силна страст во себе.

Јули: Овој месец ќе биде динамичен. Имате самодоверба, а вашите квалитети се забележани од вашите надредени. Ѕвездите ви се наклонети, но ќе морате да внимавате на своето его во овој период. Слушајте ги другите. Вашата харизма е особено моќна овој период и можете да освоите кого и да посакате, бидејќи лесно сте забележани од другите.

Август: Сонцето во вашиот знак прави да целите високо. Продолжувате да чекорите сигурни во себе и со силна интелигенција. Знаете како да се претставите меѓу луѓето и успевате да ги убедувате. Крајот на месецот ви носи мала помош од друга личност, која е добредојдена. Но, можна е неизвесност во љубовта.

Септември: Некои препреки би можеле да го успорат вашиот напредок, што може да влијае на вашето расположение. Марс ви помага да се носите со предизвиците и да најдете компромис, додека пак Венера ве охрабрува да го дадете најдоброто од себе. Тоа ја јакне вашата желба да успеете.

Октомври: Космисчката енергија ви носи тешкотии. Тоа ви помага да креирате клима во која ќе се развивате и ќе ги постигнете своите цели. Ова ќе ви помогне да го надминете турбулентниот период, а имате поддршка и од Сонцето во Вага. Лесно ќе доаѓате до компромиси и тоа ќе ви помогне и да се зближите со саканата личност, но и да им обрнете внимание на своите пријатели.

Ноември: Некои работи ви изгледаат тешко, но овој месец навистина носи предизвици со кои ќе треба да се изборите. Бидете толерантни кон идеите на другите, дури и кога тоа е против ваша волја. 

Декември: Марс и Сонцето ви носат позитивна енергија, среќа и оптимизам. Ако изминатиот месец ви носеше тешки ситуации, во текот на декември тоа се менува. Фокусирајте се на она што ви е важно и преземете иницијатива онаму каде тоа е потребно.