Неделен хороскоп: 6-12 февруари

Дали сте подготвени за изненадувања?

Photo by Brooke Cagle on Unsplash

 

Во среда ни пристигнува секстилот на Венера и Уран кој носи изненадувања, особено кога најмалку ги очекуваме. Во сабота, Меркур влегува во Водолија и ни носи можност да се поврземе со нови луѓе.

ОВЕН

Дали можете да најдете мир во умот? Во среда, секстилот на Венера и Уран бара од вас да завршите со оние поглавја во вашиот живот кои треба да останат во минатото. Во петок, конјункцијата Меркур –Плутон ви открива една малку непријатна вистина на работното место, која сепак ќе ви биде од голема помош. Во сабота, со влегувањето на Меркур во Водолија имате можност да се поврзете со пријателите кои ви недостигаат.

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Пријателство, љубов, или пак и едното и другото? Во среда, секстилот на Венера и Уран намерно ги избледува линиите во едно ваше пријателство и во вас буди симпатии кон таа конкретна личност. Во петок, конјункцијата на Меркур и Плутон бара од вас да го примените најдоброто што го знаете. Во сабота, Меркур влегува во Водолија и ви носи способности за кариерен успех и креативно решавање на проблемите. 

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Скршете ги навиките. Во среда, секстилот на Венера и Уран ве инспирира да направите промени во вашите љубовни односи, со цел да смените некои работи на подобро. Во петок, конјункцијата на Меркур и Плутон ве поттикнува да го смените начинот на кој и пристапувате на интимноста. Меркур влегува во Водолија во сабота, барајќи од вас да ги проширите хоризонтите преку патување и едукација.

Прочитајте повеќе тука

РАК

Останете отворени за сите можности. Во среда, секстилот на Венера и Уран од вас бара да обрнете внимание на малите нешта околу вас, но и на романтичните можности кои можеби не сте ги очекувале. Во петок, конјункцијата Меркур-Плутон ви помага да размислите за своите граници. Меркур влегува во Водолија во сабота и ве мотивира подобро да ги разберете сексот и задоволството. 

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Кои се вистините кои ги носите со себе на работното место? Во среда, секстилот на Венера и Уран бара од вас да се фокусирате на вашата кариера и да се насочите кон успехот кој доаѓа. Во петок, конјункцијата Меркур – Плутон ви носи можност да ги видите малите нешта. Меркур влегува во Водолија во сабота а тоа ви носи хемија во која спротивностите се привлекуваат.

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Имајте верба. Во среда, со секстилот на Венера и Уран ќе успеете  да најдете оптимизам, верба и надеж во вашиот обид да ја освоите личноста која ви делува тешка за освојување. Во петок, конјункцијата Меркур-Плутон бара од вас да изберете нови навики кои ќе ви донесат самодоверба. Во сабота, Меркур влегува во Водолија и ве поврзува со луѓе кои ви помагаат да се чувствувате среќно и исполнето.

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Забележете ги оние кои вам ве забележуваат. Во среда, со секстилот на Венера и Уран ќе успеете да им обрнете внимание на луѓето и да им го покажете тоа. Во петок, конјункцијата Меркур-Плутон од вас бара да бидете нежни кон себе, за да го подобрите своето ментално здравје. Меркур влегува во Водолија во сабота, а тоа ја зголемува вашата самодоверба.  

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Преземете го ризикот, драги Шкорпии. Во среда, секстилот Венера-Уран бара од вас да преземете ризици и да и погледнете во очи на несигурноста, без страв. Во петок, конјункцијата Меркур-Плутон ве поттикнува да изградите структура за да дојдете до поголема јаснотија. Меркур влегува во Водолија во сабота и ви помага да комуницирате подобро со другите.

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Сè е во малите нешта. Во среда, секстилот на Венера и Уран ве инспирира да ги забележувате малите нешта околу себе и така да стигнете до среќата која одамна ја барате. Во петок, конјункцијата Меркур-Плутон ви помага да ги пренесете своите вредности во пракса. Меркур влегува во Водолија во сабота и ви носи одлични комуникациски способности.

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Покажете што чувствувате. Во среда, секстилот на Венера и Уран ве инспирира да споделите како се чувствувате за да дојдете до поголемо разбирање, страст и поврзаност. Во петок, конјункцијата на Меркур и Плутон бара од вас да преземете целосна одговорност за одредена ситуација. Меркур влегува во Водолија во сабота и ве поттикнува да го слушнете и да му се посветите на своето тело.

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Кои се вредностите кои ги чувате зад своите емоции? Во среда, секстилот на Венера и Уран ви помага да ја разберете поврзаноста меѓу вашите вредности и чувства. Во петок, конјункцијата Меркур-Плутон ви носи можност да ставите крај на едно поглавје. Меркур влегува во вашиот знак во сабота и ве прави нежни, искрени и љубопитни. 

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Искористете ги своите зборови. Во среда, секстилот на Венера и Уран бара од вас да бидете појасни во однос на своите очекувања, желби, стравови и надежи, за да можете да се разберете подобро со другите. Во петок, конјункцијата на Меркур и Плутон ви носи емпатија кон вашите пријатели. Меркур влегува во Водолија во сабота и ве носи кон духовна пракса за да се одморите и чувствувате подобро.

Прочитајте повеќе тука.