Граѓаните револтирани што до февруари треба да ги променат личните документи на сопствен трошок

Сите валидни лични документи на кои стои старото име „Република Македонија“ нема да важат по рокот до 12 февруари 2024 година, според Преспанскиот договор.

Граѓаните несомнено, оваа обврска за промена на личните документи ја одложуваат за понатака, па така се наметнува и прашањето дали ќе настане хаос токму кога сите ќе тргнат да ја завршат обврската, која како што велат им е наметната и носи дополнителни трошоци.

- Ова е навистина голем дополнителен трошок за едно семејство. Треба да промениме две лични карти и две возачки дозволи, а подоцна и 4 патни исправи, реагира скопјанец.

На 13 февруари 2024 година нема да можете да преминете надвор од државните граници со валиден пасош на кој стои старото име „Република Македонија“, односно, од тој датум, станува невалиден. Исто така, ако ве запре полиција со возило ќе ви напише казна ако вашата возачката дозвола не е со името „Република Северна Македонија.“ Неважечки ќе бидат и личните карти. Ниту една институција нема да ги прифаќа како важечки документ.