Позната причината за застојот на „Табановце“

Вчера и денес е зголемен бројот на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Македонија. Стотици возила чекаат со саати во километарски колони само да ја поминат границата. Нашето министерство за внатрешни работи откри дека причината за ваквиот застој е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.

„Граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба“, соопшти МВР.