Препорака: Денес останете дома или движете се под сенка

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура е во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусви. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.

Препораката е денес да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка. – Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа. За сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. – Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. Воедно, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. – При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

Исто така, возилата, одредено време пред влегување во нив, да се проветрат.

Поради високите температури и зголемената можност од појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје), како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба истата да се загрее на + 100 степени). Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени (мајонез од домашни јајца), а внимателно да се консумираат и сладолед и разни кремови.