Чекаат и по 5 часа да отидат на море, Србите се жалат дека многу долго време поминуваат на граница

На Фејсбук групата Грчка инфо која воедно е најголемата група на социјалната мрежа каде српските туристи редовно си ги споделуваат маките може да се примети дека најмногу се жалат од долгото чекање на граница. Со десетици фотографии тие посочуваат дека чекаат на граничните премини дури по 5 часа само за да ја поминат границата и да заминат во Грција.

Ваквото чекање не е невообичаена слика за овој период од годината со оглед дека Грција освен за нас атрактивна е и за српските туристи каде најкраткиот пат до нивната посакувана дестинација води низ Македонија.

Она што дополнително им отежна на српските туристи е подолгото задржување на македонско-српската граница поради црвената тревога од страна на Србија за можни терористички напади. Ова вчера предизвика колони на возила и камиони од речиси 5 километри на граничниот премин.