Таравари: По 15 години пристигнува нова позитивна листа на лекови

"Ќе имаме и нов Закон за лекови со кој ќе обезбедиме квалитетни лекови во државата", рече денеска министерот за здравство.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, најави дека за две недели ќе биде објавена новата позитивна листа на лекови, која не е ажурирана цели 15 години.

"За две недели ќе биде објавена нова позитивна листа на лекови што не е ажурирана 15 години", најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари на брифинг со новинарите.

Тој кажа дека во следниот период приоритет е осовременување на позитивната листа на лекови и како новина е имплементирањето национална фармацевтска политика со посебен фокус на квалитет и достапност на фармацевтските производи.

"Ќе имаме и нов Закон за лекови со кој ќе обезбедиме квалитетни лекови во државата, но и ќе побараме рационално користење и препишување на лековите за да има лекови секаде, но и да бидеме внимателни да нема злоупотреба на лековите", рече денеска министерот за здравство.