Дали граѓаните можат да ја снимаат полицијата?

Во ера на масовно кориситење на мобилните телефони, во нашето законодавство се постави прашањето дали граѓаните можат да ја снимаат полицијата и истите снимки да ги прикачат на социјалните мрежи? Но да одиме со ред. Да видиме најпрво што вели Кривичниот закон на Македонија

Член 152, став 1 од Кривичниот закон ја дефинира неовластеното снимање како кривично дело, но постојат исклучоци кога јавниот интерес има приоритет над приватниот интерес. Друго пречка која се јавува е заштита на личните податоци но очигледно кривичното дело го апсолвира евентуалниот прекршок.

Истата оваа проблематика била тема на одлучување пред Апелационен суд Скопје за снимањето на полиција. Заклучокот што го носи овој суд дефинитвно е за поздрвување. Имено судот вели дека снимањето на полицијата не е кривично дело и претставува јавен интерес. Оваа одлука е објавена во Билтен бр. 12, а кој заклучок е донесен од сите 4 Апелациони Судови во Македонија. „Судот заклучи дека снимањето на полициски службеници за време на вршење на службени должности и објавувањето на таквите видео снимки на интернет, не претставува кривично дело. Оваа одлука се заснова на фактот дека во конкретниот случај, јавниот интерес преовладува над приватниот интерес“ пишува во одлуката

Според ова судот оценува дека јавниот интерес е над приватниот интерес при снимањето на полициските службеници. Ова значи дека јавниот интерес, односно правото на граѓаните да бидат информирани за полициските активности, има поголема тежина отколку приватниот интерес на полициските службеници.

Одлуката на Апелационен суд во Скопје утврдува чекори за идни случаи на снимање полициски службеници. Таа го потврдува значењето на јавниот интерес и транспарентноста, но исто така штити правата на полицајците. Граѓаните мора да бидат запознаени со своите права и со обврските што ги носат. Снимањето на полициски дејности е право кое мора да се употребува соодветно и со почитување на законите.