Ново спортско игралиште во општина Василево

"Очекувам многу спортски настани и успешни натпревари на ова прекрасно игралиште", истакна Ристовски.

Денес, по покана на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, министерот за спорт Борко Ристовски го пушти во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште.

"Ова игралиште е резултат на нашите заеднички напори и посветеност кон подобрување на спортската инфраструктура во општина Василево. Верувам дека ова ќе биде место каде младите ќе можат да ги развиваат своите спортски таленти, да се дружат и да се натпреваруваат. Очекувам многу спортски настани и успешни натпревари на ова прекрасно игралиште", истакна Ристовски.