Тошковски од Атина: Обезбеден е континуитет и навремена испорака на обрасци

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Атина се сретна со Марк Џулиан Сиверт кој е претседател на бордот на директори на ВЕРИДОС, компанијата која е задолжена за производство на обрасците за лични документи инфомираат од МВР

Од таму додаваат дека на средбата се разговарало за можноста да се забрза динамиката на производство и испорака на обрасците и било заклучено дека ќе биде обезбеден континуитет и навремена испорака на обрасци за патни исправи за нареден период.

Со ова се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни се вели во соопштението.