Албански планинари го заменија македонското знаме на Кораб со албанско

На врвот Голем Кораб, кој се наоѓа во Националниот парк Маврово, стоеше информативна табла со налепница испишана на македонски јазик, укажувајќи дека врвот има надморска височина од 2.764 метри.

Налепницата исто така посочуваше дека корабскиот планински масив припаѓа на две земји – Македонија и Албанија.

Албанскиот планинар Шулку, кој се искачи на врвот, одлучи да ја искине и да ја фрли налепницата.

Во својот пост на Фејсбук, Шулку изрази дека "Кораб припаѓа на Албанија и дека таму нема место за македонското знаме".