Тошковски: Пропустите со издавањето на личните документи е направено во време на Бојмацалиев

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека пропустите за кои зборува дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев во врска со издавањето на пасошите се имаат случено во време додека тој ја извршувал позицијата шеф на кабинет на поранешниот министер за внатрешни работи.

“Имено, проверките покажуваат дека пропустот кој се однесува на случај каде граѓанин кој се сликал на 16.12.2023г. два месеци не можел да ја подигне патната исправа, се случил на 05.01.2024г. кога предметната патна исправа била доставена во Одделението за управни работи Скопје и истата била ставена во редот со различна азбучна буква од буквата на носителот на иницијалите на конкретното лице, односно наместо во редот со азбучна буква “П“, истата била ставена во редот на азбучната буква “Р“, што било потврдено на 05.03.2024г. кога патната исправа конечно била пронајдена. Од тие причини, лицето два месеци не успеало да ја подигне патната исправа која била изработена во законски предвидениот рок.

Во оваа прилика сакам да апелирам процесот на издавање на лични документи да не се злоупотребува за политички цели и сите заеднички да придонесеме што поскоро да се надмине овој проблем бидејќи граѓаните заслужуваат да добијат квалитетен сервис од МВР и да можат во нормални услови да ги извадат своите лични документи“напиша Тошковски