УХМР ја измери температурата во Македонија, „најладно“ на Шапка 21 степен, најтопло во Демир Капија со 37 степени

Управата за хидрометеорошки работи ( УХМР) ја измери температурата во Македонија во 14 часот. Најниска измерена температура беше регистрирана на Попова Шапка и тоа 21 степен па следуваат Лазарополе со 26, Маврово со 27, Крушево со 28 степени. Во јужните делови од земјава забележано е висока температура. Струмица, Кавадарци, Дојран и Гевгелија со по 36 степени, а најтопло било во Демир Капија со 37 степени

Утре не очекува драстична промена каде се прогнозира променливо облачно време, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град. Услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во раните утрински часови.

Во среда и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа се очекува стабилно и потопло време.