Неделен хороскоп: 26 февруари - 3 март

Што ни носи седмицата која е пред нас?

Photo by Eepeng Cheong on Unsplash

ОВЕН

Моќта е во луѓето! Квадратот Марс-Јупитер во вторник ве предизвикува вас и вашите пријатели да живеете во согласност со своите вредности. Секстилот Меркур-Нептун во четврток е корисен, лековит ден за вашата врска со финансиите. Петочниот секстил Венера-Хирон ја нагласува важноста на грижата за заедницата. Продолжете да си давате поддршка со пријателите.

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Кој е вашиот сон? Квадратот на Марс-Јупитер во вторник ве инспирира да преземете професионален ризик за да ги остварите вашите цели, а ќе бидете наградени за тоа. Секстилот Меркур-Нептун во четврток осветлува моќна мисла од вашите пријатели, па внимавајте што велат тие. Секстилот Венера-Хирон во петок предизвикува некои претпоставки што сте ги направиле за вашите колеги и ве учи дека не е сè онака како што изгледа.

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Сетете се на големата слика, Близнаци. Квадратот Марс-Јупитер во вторник сака да ве ослободи од некои непотребни работи за да останете прилагодливи и оптимистични. Секстилот Меркур-Нептун во четврток е интуитивен момент што ќе ви донесе важен успех на полето на кариерата. Секстилот на Венера-Хирон во петок сака да ве одведе вас и вашите пријатели на авантура. Подгответе се. 

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Конфликтот со пријателите е нормален.  Квадратот на Марс-Јупитер во вторник носи непријатно, но потенцијално исцелувачко искуство со луѓето кои ви значат. Потоа, секстилот Меркур-Нептун од четврток обезбедува разговор кој ќе помогне да се поправат тие односи. Секстилот Венера-Хирон во петок поттинува верба во луѓето со кои работите со цел да дојдете до поефективна соработка.

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Поврзувањата со другите се уметност. Квадратот Марс-Јупитер во вторник ви помага да ја пронајдете техниката и вештините за да ги инспирирате најзначајните врски. Секстилот Меркур-Нептун во четврток ве инспирира да ја споделите вистината во вашето срце со некој што треба да ја слушне. Петочниот секстил Венера-Хирон ја поттикнува динамиката на вашата врска со страст, надеж и можност за значајни промени.

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Не е толку комплицирано. Квадратот Марс-Јупитер во вторник ви помага да престанете да размислувате и да останете љубопитни за тоа што ве стресува. Секстилот Меркур-Нептун во четврток ви дава моќ да преговарате кога има несогласување и поларизација. Секстилот Венера-Хирон во петок ве инспирира да останете внимателни и фокусирани за да им помогнете на односите со другите луѓе. 

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Несовршеностите се секси!Квадратот на Марс-Јупитер во вторник не сака да го криете она што ве прави луѓе. Вие сте работа во тек и достојни сте за љубов. Секстилот Меркур-Нептун во четврток инспирира понежен разговор со себеси околу оваа тема. Секстилот Венера-Хирон во петок ги зајакнува вашите силни страни додека ви помага да се ослободите од предизвиците преку вашите разлики. 

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Верувај на непознатото. Квадратот на Марс-Јупитер го проширува вашиот однос со непознатото со активно верување, а не избегнување. Секстилот Меркур-Јупитер во четврток ви дава самодоверба како награда за вашата храброст и проактивност. Секстилот Венера-Хирон во петок ве усогласува со повеќе рутини и навики кои ви даваат поддршка.

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Фокусирајте се на деталите! Квадратот  Марс-Јупитер ви помага да ја насочите стрелката кон деталите на ситуацијата за да дојдете до преснот. Секстилот Меркур-Јупитер во четврток ви дава свесност да се усогласите со другите и да им помогнете да се усогласат со вас. Секстилот Венера-Хирон во петок ве инспирира храбро да изразите емоција на некој што треба да ја слушне.

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Не ги надминувајте границите, Јарецко. Квадратот Марс-Јупитер во вторник ви дава до знаење кога на вашето тело му е доста. Вие заслужувате одмор и шанса да размислувате. Секстилот Меркур-Јупитер од четврток ги реконструира вашите креативни вештини. Секстил Венера-Хирон во петок сака да ја видите врската помеѓу вашите вредности и емоции. Кои емоции ве водат до вредностите што треба да ги практикувате?

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Се чувствувате малку емоционално одвоени? Нема шанси! Квдратот Марс-Јупитер во вторник го разбива тој стереотип, - ќе покажете колку сте емотивно ангажирани. Секстилот Меркур-Јупитер од четврток ви помага да ја видите мудроста на вашето тело. Секстилот Венера-Хирон во петок ве потсетува дека толку многу може да се излечи со разговор, затоа храбро започнете ги тие важни разговори!

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Можете да пуштите некои работи од себе. Квадратот Марс-Јупитер во вторник ве потсетува дека можете едноставно (но не секогаш лесно) да се ослободите од претерано размислување. Секстилот Меркур-Јупитер во четврток им дава голем поттик на вашите когнитивни и комуникациски вештини. Секстилот Венера-Хирон во петок ве ослободува од минатите модели, луѓе и избори кои ве држат заглавени.

Прочитајте повеќе тука.