Викенд хороскоп: 26-28 април

Што ни носи последниот викенд од април?

Photo by Vladyslav Tobolenko on Unsplash

Овен

Промената може да биде добра за вас, иако иницијално ќе бидете вознемирени. Тоа може да ве поттикне да се одморите од нешто што повеќе не ви е корисно. Денешната врска Месечина/Плутон може да ви овозможи да видите едно клучно прашање со поголема јасност. Способноста да се продолжи понатаму е клучна, а нов почеток можеби е токму она што е потребно сега.

Бик

Денешната лунарна врска со Плутон може да ви донесе одредени промени. Сакате да се отворите кон некого  во однос на тоа како се чувствувате? Ако тие се однесуваат невообичаено, веројатно нема да се воздржите. Но, овој привремен аспект може да дејствува како катализатор за подлабоки промени и да ја поправи врската. Може да предизвика и интензивна романса. Што и да се случи, ќе се чувствувате позитивно и ќе сфатите дека секоја одлука ќе биде исплатлива.

Близнаци

Ако се борите со работата или сте уморни од активности кои не носат среќа, тогаш комбинацијата на некои убави енергии околу вас може да ве инспирира да направите нешто во врска со тоа. Денешната лунарна поставеност може да ве инспирира да го следите своето срце и можеби да го направите она што требаше да го направите веќе одамна. 

Рак

Развојната врска Марс/Нептун може да ви помогне да најдете креативен излез меѓу вашите многубројни таленти или може да се совпадне со почетокот на маѓепсувачка романса. Не брзајте во ништо, бидејќи имате работа со моќни сили. Исто така, добро е да им верувате на вашите инстинкти, дури и ако не сакате секогаш да слушате што велат тие. Слушањето на вашата интуиција ќе ви го даде она што навистина го сакате.

Лав

Лунарната поставеност овој викенд ве охрабрува да не дозволите лошите чувства да ве спречат да правите нешто што е важно. Ако знаете дека сте на вистинскиот пат, можеби ќе се запрашате зошто се двоумите. Погледнете во себе, бидејќи може да има одреден отпор. Длабоко во себе можете да ги претпочитате работите такви какви што се. Сепак, промената може да дојде без разлика дали сте подготвени или не, и тоа може да биде револуцијата што ви е сега потребна.

Девица

Идеите што ги имате во наредните денови може да изгледаат невообичаени и може да предизвикаат контроверзии во вашето секојдневие. Не дозволувајте ова да ве мачи. Она што го споделувате би можело да биде токму она што е потребно за да внесете свежа енергија и нов живот во ситуација која се чини дека не ве води никаде. Другите може да се чувствуваат емотивно за некои ваши предлози, но наскоро ќе ја видат вистината во вашите зборови.

Вага

Поставеноста на Месечина/Плутон може да донесе нестабилност околу зделките и преговорите или некоја романсата која е во подем. Ако се прашувате каде сето ова ве води, тогаш тоа може да значи крај на сите тешкотии ако сте подготвени да се справите со овие прашања и да најдете позитивен начин напред. Тоа е можност да се откажете од некорисното размислување и да усвоите подобар начин на размислување. Откако ќе започнете, можете навистина да се чувствувате убаво, среќно и исполнето.

Шкорпија

Ако изминатите денови ги истакнаа фрустрациите во врската, ова може да биде момент кога ќе сакате да направите нешто во врска со тоа. Неодамнешното затемнување во вашиот знак се случи со огромна брзина, а овој викенд носи конјункција Месечина/Плутон и ги повторува одлуките и мислите со кои сте се усогласиле. Ова е исто така време да размислите за себе и за вашите потреби. Дали сте среќни? Ако не сте, време е за промени.

Стрелец

Се чувствувате преоптоварено? Моменталната поставеност на планетите ве поттикнува да направите чекор назад и да размислите како би можеле да ја подобрите вашата ситуација. Тоа е време на отпуштање. Со ослободување на оние аспекти од вашиот живот кои повеќе не функционираат, ќе бидете и посреќни и послободни. Оваа лунарна фаза може да ја испрати пораката дека нешто треба да се даде. Постапете според своите планови.

Јарец

Врската Месечина/Плутон ве инспирира кон длабоко нурнување во вашите вредности, поттикнувајќи спој на материјални цели со душевни определби. Подготвени сте да ги поврзете вашите финансиски стратегии со вашата повисока цел? Вашите идеали ќе ги зајакнат вашите амбиции и духовен раст. Искористете ја оваа можност да го усогласите просперитетот со вашата цел, правејќи пат кој не само што е профитабилен, туку и ви носи среќа и ослободување.

Водолија

Додека Месечината во расположениот Стрелец танцува во хармонија со Плутон во вашиот знак, напливот на енергија ја електризира вашата социјална сфера и чувството на самозајакнување. Овој спој на енергии ја истакнува интеракцијата помеѓу вашите врски и вашата потрага по лична моќ. Време е да негувате односи кои резонираат со вашата душа и кои исто така поттикнуваат личен раст.

Риби

Можеби се чувствувате многу привлечени од идеи и можности кои ви носат можност за учење.Постои веројатност да се појави нешто да се појави од ведро небо за што никогаш претходно не сте размислувале. Може да испадне дека е совршено за вас. Подобро не можете ни да замислите. Ова е моќта на денешната врска Месечина/Плутон, бидејќи тоа е уште еден чекор кој ве води кон поголема судбина, Риби.