Неделен хороскоп: 19-25 февруари

Што ни носи претстојната недела?

Photo by Jake Melara on Unsplash 

ОВЕН

Направете пауза. Почнува сезоната на Рибите, искористете ја добро. Конјункцијата на Венера и Марс во вторник ги меша границите меѓу едно пријателство и љубовта. Експериментирајте со двете. Меркур влегува во Риби во четврток и ви помага да дојдете до крај преку разговори. Во сабота, полната Месечина во Девица ве поттикнува да направите мали чекори за подобрување на умот и телото.

Прочитајте повеќе тука

БИК

Посветете се на пријателите. Сезоната на Рибите за вас е најубавиот период за дружење и повторно поврзување со пријателите. Во четврток, конјункцијата на Марс и Венера ве зближува со колеги кои ќе ви помогнат да успеете. Во сабота, со светлината на полната Месечина во Девица, успевате да најдете љубов, радост и припаѓање. 

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Подгответе се за победи! Сезоната на Рибите ви носи професионален успех и за вас е најефективниот период од годината. Исполнете ги своите соништа. Во четврток, конјункцијата на Венера и Марс ви носи оптимизам и надеж. Меркур влегува во Риби во четврток и ви носи одлични идеи. Во сабота, полната Месечина во Девица е нежна и ви помага да се поврзете со места, луѓе и искуства кои ви носат емоционална сигурност.

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Размислете повторно, драги Ракови. Сезоната на Рибите ви помага да изградите нови мисли, чувства и начини на однесување. Во четврток, конјункцијата на Венера и Марс е интимна и страствена, па затоа препуштете се на задоволството. Меркур влегува во Риби во четврток и ве носи на ментална авантура. Во сабота, полната Месечина во Девица ве инспирира да бидете внимателни во комуникацијата.

Прочитајте повеќе тука

ЛАВ

Нурнете подлабоко. Сезоната на Рибите го носи вашиот љубовен однос кон поинтимни и автентични места за да ги изразите своите чувства. Во вторник, конјункцијата на Венера и Марс ви помага лесно да преговарате кога постојат разлики. Меркур влегува во Риби во четврток и ви носи позитивно размислување. Во сабота, полната Месечина во Девица ви носи духовност и силни вредности.

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Љубовта е во воздухот, Девица. Сезоната на Рибите е вашиот најромантичен период од годината, затоа препуштете се на радоста и ризикот од сето тоа! Спојот Венера-Марс во четврток ја зајакнува вашата свесност за навиките за благосостојба. Меркур влегува во Риби во четврток и ќе имате најјасна комуникација во вашите врски. Саботната полна месечина во вашиот знак е вашиот годишен момент на ресетирање. Време е да завршите и да започнете што сакате за да можете да бидете личноста за која сте родени.

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Мали чекори, Вага! Сезоната на Рибите ви помага да ги постигнете вашите цели со мали, бавни чекори. Спојувањето на Венера-Марс во вторник инспирира храбар, ранлив израз. Меркур влегува во Риби во четврток и ви помага да започнете вежба за внимателност. Саботната полна месечина во Девица ви помага да го најдете исцелувањето и краевите коишто ви се потребни за да завршите со минатото.

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Вие вредите. Сезоната на Риби ви помага да ја потврдите својата вредност одвнатре, а не од другите.  Конјункцијата на Венера-Марс во вторник инспирира посилна емоционална интелигенција. Меркур во четврток влегува во Риби и ве мотивира да ја изразите својата креативност. Саботната полна месечина во Девица е време за повторно обединување со вашите најзначајни пријатели и поврзување со заедницата.

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Среќно враќање дома! Сезоната на Риби започнува процес на пронаоѓање на места и луѓе кои го чуваат вашето срце безбедно. Спојот Венера-Марс во вторник поттикнува директен разговор за голем успех во врската. Меркур влегува во Риби во четврток и побрзо ќе ги именувате вашите чувства во овој период. Саботната полна месечина во Девица носи нови можности за кариера, го издигнува вашиот успех и ви помага да завршите, но и да започнете нови професионални поглавја.

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Зборови и дела, драг Јарец. Сезоната на Риби ве инспирира да ги претворите вашите мотивации во зборови и да го разберете контекстот за вашето однесување. Спојот Венера-Марс во четврток ги менува вашите лични и финансиски цели на подобро. Меркур влегува во Риби во четврток, зголемувајќи ја вашата флуентност во невербалното. Саботната полна месечина во Девица сака да ве одведе во авантура, дозволете го тоа.

Прочитајте повеќе тука

ВОДОЛИЈА

Живејте во согласност на вашите вредности, Водолија. Сезоната на Риби ве води  кон тоа да го практикувате она што го учите. Конјункцијата на Венера-Марс во четврток е моќно и позитивно ресетирање за вас и вашите врски. Меркур влегува во Риби во четврток и го реконструира вашиот пристап кон финансиите. Саботната полна месечина во Девица е интимна, затоа дозволете да бидете видени и обидете се да ги видите другите во нивните силни страни и несовршености.

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Среќен роденден, Риби! Запрашајте се: „Кој сакам да бидам? Што сакам да направам? И што сакам да имам?“ Спојувањето на Венера-Марс во вторник ве ослободува од се што ве спречува. Меркур влегува во Риби во четврток и најјасното размислување станува ваше. Саботната полна месечина во Девица е романтично ресетирање за вас, особено ако дозволите разликите да ве водат до нови избори.

Прочитајте повеќе тука.