Бик

Бик (20. IV – 20. V)

Работа

На ова поле ќе ви биде гужва, но ве очекуваат и одлични резултати. Надредените малку ќе ве игнорираат, но сето тоа ќе помине.

Љубов 

Оваа недела, целиот свет ќе ви се врти околу саканата личност. Ќе ви биде убаво, но нема да можете да се носите со жалењето од другата страна, па дел од работите ќе ги игнорирате. Слободните Бикови не престануваат да флертуваат и освојуваат.

Здравје

Можна е кашлица и пад на имунитетот.

Работа

Јануари е обично досаден месец, но вам ве очекува непланирано патување кое ќе ве освежи. Овој месец ви носи можност и за зголемување на заработувачката, па добро е да бидете внимателни со трошењата и да не се залетате многу. Упорноста која е дел од вашата личност ќе се исплати и ќе добиете добри критики од колегите и надредените. Тоа ќе ви даде самодоверба и ќе го поправи вашето расположение.

Овој месец барајте конкретни информации и држете се до своите долгорочни цели.

Љубов

Ако сте во врска: Крајот на месецот носи несогласувања со саканата личност. Потрудете се да најдете компромис и да не ги правите конфликтите уште поголеми.

Ако сте слободни: Ќе ве привлекуваат Јарец, Овен и Лав, но вашиот идеален партнер може да биде Шкорпија. На секој чекор ќе имате можности за флерт, но трудете се да уживате, а да не бидете крути и филозофски настроени. Имате таен обожавател кој нема храброст да ви пријде. Можна е и романса со колега.

Здравје

Овој месец ќе бидете малку повеќе нерасположени и раздразливи. Сепак, единствено нешто од што треба да се плашите се повреди.

Работа

Уште на самиот почеток од годината, ве очекуваат многу изненадувања. Намерата е да ве помести малку од комфорот на кој сте навикнати и да ви донесе промени на кои ќе се радувате. Опуштете се, напуштањето на сигурната зона не е толку страшно како што вие го замислувате. Ако се надевате на подобра позиција и поквалитетни услови за работа, тоа ќе дојде, но морате да ги прифатите промените како што доаѓаат.

До почетокот на јули ве очекуваат нови одговорности кои ќе предизвикуваат мали стравови, но тоа е позитивно. Тоа е и период кога доаѓа до унапредување на работа.

Љубов

Ако сте зафатени, ќе ви биде потребна повеќе слобода во текот на оваа година, но ќе треба внимателно тоа да го искомуницирате со саканата личност, за да не бидете погрешно сфатени. Еден дел од Биковите, по долго размислување ќе решат да прекинат долга врска, но кога ќе почувствуваат олеснување, ќе сфатат дека е тоа добра одлука.

Ако сте слободни, оваа година носи промена на љубовниот статус, особено ако подолго време сте биле сами.

Здравје

Оваа година ќе биде турбулентна, без поголеми проблеми на ова поле. Сепак, тоа што највеќе ќе ве мачи е нервозата.