Шкорпија

Шкорпија (23. X – 21. XI)

Работа

Подготвени сте за нови потфати на ова поле.

Љубов

Можете со саканата личност да позборувате за иднината денеска.

Здравје

Внимавајте што јадете.

Работа

Доаѓаат мали финансиски проблеми, кои не можевте да ги предвидете досега. Ова е потежок период за вас.

Љубов

Одмор покрај партнерот е тоа што го посакувате оваа недела.

Здравје

Нервоза.

Работа

Овој месец ќе вложите голем напор за да постигнете напредок на работа. Знаете дека многу работи зависат од вас и овој месец ќе го искористите за тоа. Ќе настојувате да дојдете до унапредување поради вашите напори. Највеќе успех ќе имате ако се занимавате со областите од менаџмент или спорт. Добро би било вториот дел од месецот да го искористите за годишен одмор. Можни се поголеми тешкотии на полето на комуникации, каде ќе ви биде тешко да се договорите околу многу работи со колегите и клиентите. 

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец ви носи можност да отидете на одмор и да поминете убави заеднички моменти со саканата личност. Во тоа можеби само ќе ви пречат обврските, но ќе морате добро да се организирате. Крајот на месецот ви носи убава енергија и страст.

Ако сте слободни: Ако одите на патување, овој месец ве очекува летна љубов која ќе ја паметите долго. Можно е да почнете врска на далечина. Ќе делувате многу среќно и неодоливо. 

Здравје

Овој месец ќе треба да избегнете изложување на сонце, но и да избегнете намирници кои ќе ви штетат и ќе ви предизвикуваат дигестивни проблеми. 

Годишниот хороскоп за Шкорпиите покажува дека оваа година носи баланс на сите полиња. Ќе бидете успешни на полето на работата, а продуктивноста ќе биде подобра од било кога. Време е да ги преиспитате полињата на кои не напредувате и да ризикувате работите да ги направите да тргнат на подобро. Ќе бидете многу креативни во текот на оваа година, така што ќе ви биде потребна храброст да ги кажете гласно своите идеи.

Страста и љубовта никогаш не се проблем за вас, бидејќи секогаш што и да посакате тоа и добивате. Сепак, карактеристиката која некогаш ви недостига е напорот да се поврзете и дружите со другите луѓе, а во 2019 таа опција ќе биде широко отворена за вас. Пренесете малку од убавата креативна енергија која ја имате  на меѓучовечките односи и ќе бидете позитивно изненадени од тоа колку добро ќе ви биде со луѓето.

Ако не сте во врска, бидете трпеливи бидејќи ќе запознаете посебна личност која ќе ви го освои срцето.

Во однос на здравјето, нема да имате посебни здравствени проблеми но постојано ќе се чувствувате исцрпени и затоа треба да се грижите за своето здравје.

Nike Tiempo Legend VI FG