Жена се најде приклештена под дрво што падна кај Европскиот универзитет

Телевизија 21 објави снимки од паднатото дрво под кое приклештена се најде една жена. Од видеото може да се забележи како случајни минувачи со голи раце прават напори жената да биде извлечена и успеваат во тоа. Повредената жена со возило е на брзата помош итно е пренесена на скопските клиники.

Се упатува апел до граѓаните да внимаваат кога се движат под дрвјата. Од силниот ветер постои можност истите да паднат. Затоа се препорачува крајна внимателност.

Ова е второ дрво што паѓа во период од неполн час во Центарот на Скопје. Претходно паднато дрво имаше спроти Веро Џамбо каде за среќа е причинета само материјална штета врз паркираните автомобили.