Од ЈСП признаваат дека има долг ама велат дека тој редовно се сервисира, јавниот превоз непречено ќе се одвива

Откако приватните превозници се заканија дека од петок нема да возат со реакција излегоа од ЈСП каде велат дека јавниот превоз ќе функционира непречено. В.Д. директор на ЈСП, Драги Кушовски вели дека долгот се сервисира во согласно со договрот помеѓу него и приватните превозници.

Приватниците и Кушовски денеска практично одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на исплатата на долгот.

Претходно приватните превозници рекоа дека од петок нема да возат, бидејќи Град Скопје и ЈСП „Скопје“ повторно не им плаќаат за услугата. Заклучно со јуни им се должи 140 милиони денари односно 2,2 милиони евра.

Вчера возачите излегоа на прес-конференција на која кажаа дека немаат веќе пари за гориво, должат на пумпите каде што полнат и веќе почнале да добиваат тужби. Како ќе им снемува гориво, така ќе ги паркираат автобусите и ќе ги исклучат од сообраќај.