Го знаете ли „бременото дрво“ на Скопска Црна Гора?

Ја знаете ли легендата за дрвото во скопско кое им помага на многу жени во лекувањето на неплодноста?

На четириесетина минути оддалеченост од Скопје, на височините на планината Скопска Црна Гора, се наоѓа манастирот "Света Богородица". Во дворот на манастирот ќе го видите дрвото кое наликува на трудна жена, а за кое приказната и преданието велат дека им помогнало да забременат на многу жени кои биле неплодни.

Можеби во ерата на модерна технологија за многумина оваа приказна би била неверојатна, но за домарот на црквата, дедо Милош, и за локалните жители оваа дрво им донело само среќа во домот на оние што го посетиле.