Дали сме пред прагот на наезда од глувци во Скопје?

Иако во последниот период многу се збореше за појава на змии при што со фотографии беше потврдено нивното присуство по парковите низ Скопје, сега се збори за наезда од глувци. Твитерџиката Menche Immortal на својот твитер профил објави фотографија на која се гледа огромен стаорец во скопската населба Лептокарија. Таа ја повикува градоначалничката Арсовска да превземе нешто.

Пред една недела од Град Скопје излегоа со соопштение дека тие не се надлежни за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари. И додека општините и градот се „препукуваат“ за тоа кој за што е надлежен влекачите и глодарите непречено се шетаат низ главниот град.