Ново дрво од ист вид ќе биде засадено кај спомен-плочата на Мајка Тереза на скопскиот плоштад

На местото на паднатото дрво од неодамнешното невреќе во Скопје, едно од трите засадени од Мајка Тереза, кои се извишуваа веднаш до нејзината спомен-плоча, ќе биде засадено ново, од ист вид, најави директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ангеле Сотировски.

-На истото место на паднатото дрво на Плоштад Македонија, ќе се овозможи да се засади дрво од истиот вид кога времеските условите за садење се најпогодни во перид од месец Октомври се до почетокот на месец Ноември, се со цел одавајќи почит во спомен на животот и делото на Мајка Тереза, рече тој вчера на прес-конференција. 

Информираше дека после силното невреме кое го зафати Скопје на 2.месецов екипите на ЈП Паркови и зеленило, од Секторот Дрвореди интервенирале на оваа локација кај спомен плочата на Мајка Тереза.

Паднатото дрво е зимзелено дрво од видот сребрена смрча (Picea pungens), кое е во поодмината физиолошка старост.

-Дрвото е откорнато со видливи оштетувања на главниот коренов систем, како и оштетувања на крошната. Поради овие настанати оштетувања на дрвото, невозможно е истото да се врати во првобитна состојба. Поради тоа, дрвото е отстрането од локацијата, информираа од ЈП Паркови и зеленило.