Водовод со акција: Ако ги платите долговите до 31 јули нема да имате камата

„ЈП Водовод и канализација“ - Скопје спроведува акција за отплата на долговите за вода. Ако граѓаните ги платат сметките до 31 јули нема да им се пресметува камата за задоцнето плаќање

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање“ стои во известувањето на претпријатието

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и на локалната власт и за другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.