Изминатиот викенд, поточно во саботата, беше осветен новиот Соборен храм „Свети Спас“ во долно Соње.
Со осветувањето на новоизградениот храм посветен на Вознесението Христово чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква г.г.Стефан.
По Литургијата, Архиепископот му додели „Светоклиментов орден од I ред“ на ктиторот на храмот, Перо Велковски, како и Одличје „Архиепископ Доситеј“ на градоначалникот на општина Сопиште, Стефче Трпковски, за особените залагања и поддршката во изградбата на храмот.