Видео: Паднато дрво оштети автомобили во Скопје, избегнувајте го овој дел од Скопје

Паднато дрво, како последица на силниот ветер оштети автомобили паркирани во близина Веро - Центар. Според информации на очевидци, сообраќајот е во прекин во овој дел од градот. 

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.