ВМРО-ДПМНЕ: Укинувањето на медицинскиот факултет од страна на Владата ќе го подигне образованието на највисоко ниво

"Владата на ВМРО-ДПМНЕ го укина факулетот за медицина на Мерко, образованието ќе биде на највисоко ниво", велат во партиското соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека го укина медицинскиот факултет на универзитетот на Мерко во Струга, нагласувајќи дека образованието ќе биде подигнато на највисоко ниво. Владата на СДС и ДУИ претходно даде одобрение за основање на медицински факултет, и покрај тоа што не ги исполнувал потребните услови. ВМРО-ДПМНЕ ветува силни инвестиции во образованието за подобра иднина.

"Основањето и работата на приватните факултети е регулирана професија, која подлежи по Европска Директива. Давањето на одобрение за работа треба да биде последица на темелни исцрпни анализи, кои не се направени. Незаконие повеќе нема да биде толерирано. Образованието мора да се унапреди, и да го добие заслуженото место достигнувајќи ги европските стандарди. Владата на ВМРО-ДПМНЕ силно ќе инвестира во образованието. За тебе. Почнуваме.", стои во соопштението на партијата.