ВМРО-ДПМНЕ: Ексдиректорот на гастро и без мандат, половина година земал плата

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше за поранешниот организациски директор на Клиниката за гастроентерохепатологија, Сафет Зендељи кој иако немал продолжен мандат за вршител на должноста директор, сепак редовно доаѓал на работа и примал плата во текот на половина година.

"Имаме неколку прашања: Дали е вистина дека поранешниот директор примал плата половина година и покрај тоа што немал продолжен мандат? Доколку ова се покаже како точно, дали Зендељи ќе ги врати овие средства во буџетот на Клиниката? Дали надлежните институции ќе ги испитаат овие наводи и ќе преземат соодветни мерки според законските прописи?'', прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

"За таа цел се обврзавме пред граѓаните дека ќе ги укинеме овие позиции за да ставиме крај на дуализмот. Овие средства ќе останат во клиниките за потребите на пациентите'', велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати алармираше за несоодветно работење на организациските директори.