„По 60 години Бутел 2 добива нова детска градинка“ - веста ја објави премиерот Мицкоски

По 60 години населбата Бутел 2 добива нова градинка.

Веста на својата фејсбук страна ја сподели претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Со ова решение над 200 дечиња ќе добијат пристојни и пријатни услови за престој, ран развој и подготoвка за на училиште. Инвестицијата е вредна над 100 милиони денари и ова е уште едно остварено ветување.

„Интензивно ќе работиме за постигнување на резултати и изнаоѓање на решенија за проблемите кои народот очекува да бидат решени и Македонија да ја вратиме на граѓаните.“, напиша Мицкоски на фејсбук.