Филипче официјално ја презеде СДСМ, вети многу работа, реформи и обединување

Венко Филипче официјално ја презеде СДСМ. Примопредавањето беше направено со неговиот претходник Димитар Ковачевски кој го доживеа најголемиот пораз во историјата на партијата. Филипче вети многу работа, обединување и реформа на СДСМ

„Денеска ја презедов функцијата Претседател на СДСМ. Следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ.

Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите.

Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок“ напиша Филипче