Николоски: Почнуваме со гонење на криминалот, одговорност ќе има

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски на неговиот Фејсбук профил напиша дека остварил средба со новиот директор на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев каде се зборувало за индиции за сторен криминал и неодговорно трошење на пари во рамките на ЈП Железници Инфраструктура и Јавно претпријатие за државни патишта

„На денешната средба разговаравме за индиции за сторен криминал и неодговорното трошење пари во рамки на ЈП Железници Инфраструктура и Јавно претпријатие за државни патишта. Овие индиции произлегоа од извештајот за капитални инвестиции на државниот завод за ревизија, а во следниот период ќе се разгледуваат и други предмети и активности во рамки на министерството за транспорт и институциите кои се под негова надлежност.

Борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада. Ќе се истражи целата работа и сиот можен криминал. Нема да дозволиме никој да ги краде народните пари и никој не смее да биде над законите!“ напиша Николоски