Мицкоски го честиташе Курбан Бајрам: Сите обединети сплотени да изградиме држава каде што ќе има хармонија и напредок, економски просперитетна Македонија

Дозволете ми во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на исламската вероисповед да им го честитам големиот верски празник Курбан Бајрам, напиша мандатарот Христијан Мицкоски во честитката по повод празникот Курбан Бајрам.

„На сите што го празнувате овој голем празник ви посакувам многу здравје, среќа и нека празничните мигови ви поминат во спокој, љубов и радост со најблиските.

Курбан Бајрам да го поминете во духот на дарежливоста, помагањето и споделувањето на оние кои им е потребна помош истакнувајќи ја човечката хуманост и грижливост во овие прaзнични денови.

Овој голем празник е потсетник на човечкото постоење, како и на големото значење на меѓусебната доверба, разбирање и толеранција како суштински услови за соживот и мир.

Затоа ве повикувам сите заедно да започнеме, надминувајќи ги заеднички сите проблеми, да ја градиме Македонија врз европски вредности и принципи.

Дојде време заеднички да изградиме поцврсти темели за подобар животен стандард за секој еден граѓанин без разлика на неговата етничка или верска припадност, темели за развој и просперитет на нашата држава.

Сите обединети сплотени да изградиме држава каде што ќе има хармонија и напредок, економски просперитетна Македонија.

Нека е честит големиот празник Курбан Бајрам“, вели Мицкоски во честитката.