Премиерот Мицкоски го најави зголемувањето на пензиите

Премиерот Христијан Мицкоски го најави зголемувањето на пензиите. Тој потсети на ветувањето што им го дал на граѓаните пред 1 година.

„После победата на изборите, новата Влада веднаш пристапи кон исполнување на своите ветувања. На првата владина седница која се одржа на 28 јуни 2024 година, најавувам линеарно зголемување на пензиите за 5000 денари. Првата исплата од 2500 денари ќе биде во септември, а втората од 2500 денари ќе следува во март.

Ова ветување го дадов и на мојата последна средба со пензионерите во Велес. Тоа беше време кога тие протестираа по улиците барајќи достоинствен третман од власта. Попладнево со задоволство ќе ги посетам.

Ги исполнуваме ветувањата дадени пред граѓаните и заедно градиме подобра иднина!“ напиша Мицкоски