На првите избори за претседател на СДСМ, Заев беше избран со речиси 60 илјади гласови, на овие Филипче едвај со 9 илјади

На првите избори за претседател на СДСМ во 2021 година Зоран Заев беше реизбран за претседател со речиси 60 илјади гласови. За волја на вистината тој беше и единствен кандидат каде партијата тогаш во тоа време одлучи изборот да биде „за“ или „против“

Партијата тогаш во своето соопштение кажа дека се регистрирале 68999 лица а гласале 59249 или речиси 90 отсто од вкупно запишаните во избирачкиот список на партијата.

За споредба новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче освои драстично помалку гласови од неговиот најголем поддржувач Заев и со само 9052 гласа стана претседател на СДСМ. И тој како и Заев во вчерашното обраќање вети регорганизација, реформи и обединување на партијата.

„СДСМ докажа дека има демократски капацитет и високо ниво на професионализам. Од се срце се заблагодарувам на довербата. Ветувам дека ќе направам се за вашата доверба да не ја изневерам. Моја цел е да ги вбризгам во СДСМ принципите кои што ме водат во животот а тоа се заедништво,другарство,взаемна почит и отворена комуникација. Сега е време за обнова на СДСМ и многу работа, нема време за славење. Следи период на реорганизација и реформи со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува“, рече Филипче по прогласувањето на победата и вети дека нема да дели, туку ќе обединува и ќе се спротивстави на оние кои сакаат да ја ослабнат СДСМ за свој личен интерес, кажа Филипче на вчерашната прес-конференција