Венко Филипче е нов претседател на СДСМ

Според информациите на Скопјје Инфо од СДСМ, Филипче освоил 8474 гласови, Јован Деспотовски 2291, а, Александар Бајдевски 868. Неважечки се 159 . Со оглед дека Славјанка Петровска остана на избирачкото ливче има освоено 172 . Со оглед дека на изборите гласаа 12 608 социјалдемократи, од запишаните 23 000, Филипче има повеќе од половина што значи дека изборот е во прв круг. 

Официјално резултатите се најавени за околу 22 часот. Веднаш по затворањето на избирачките места, Бајдевски реагираше на малаат излезност и порача дека тоа е поради немањето отчетен Конгрес и избрзаниот како што рече изборен процес. 

Деспотовски пак најави приговори и обвини дека над 10 000 социјалдемократи кои се регистрирале за гласање не можеле да гласаат.

Од СДСМ оценија дека процесот бил фер и демократски и кредибилен со помали неправилности, кои како што рекоа нема да влијаат на резултатите.