Мизрахи: Рзршени 9 од вкупно 14 директори, за останатите се чекаат законски измени

Разрешени се 9 од вкупно 14 економски директори, за останатите се чекаат законски измени вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

„Економските директори во клиниките беа воведени пред 17 години. Во 2006 година, скопскиот Клинички центар беше поделен на 32 клиники, со 56 директори и 142 члена на управни одбори, што се покажа како дисфункционално, неодржливо и скапо решение. Денес е десетти ден од формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а веќе предвидената мерка која беше и изборно ветување од програмата Платформа 1198 од страна 120, почна да се реализира, а гласи: Укинување на економските односно организационите директори на клиниките, а во цел укинување на дуализмот и лоцирање на одговорноста како и пренасочување на средствата за подобрување на здравствените услуги и инфраструктура и зголемување на транспарентноста и отчетноста“, истакна Мизрахи.

Со оваа мерка според Мизрахи се очекува зајакнување на јавното здравство и подобрување на неговата организација.

„Истовремено ќе се намалат непотребните и ќе се рационализираат административните трошоци преку пренасочување на средствата во сериозно потребната здравствена екипираност, континуирана едукација на кадрите и набавка на нова медицинска опрема. Ова ќе придонесе кон целосно подобрување на здравствената внатрешна и надворешна инфраструктура и здравствени услуги за сите граѓани. Здравствената нега е од витално значење за сите нас во одредено време, но јавното здравство е од витално значење за граѓаните во секое време“, рече Мизрахи