Македонското знаме повторно се вее на Кораб

Албанскиот планинар од Пешкопеја, Изет Шулку, заедно со неговото друштво, минатиот викенд од врвот Голем Кораб го симнаа македонското знаме и го заменија со албанско знаме. Ова предизвика бурни реакции од јавноста. 

Во меѓувреме, албанското знаме е отстрането и повторно е поставено македонското знаме на Голем Кораб. Враќањето на македонското знаме на врвот е поздравено од многумина, кои ја истакнуваат потребата за почитување на заедничкото наследство, мирниот соживот, но и важноста на македонското знаме како симбол на националниот суверенитет и гордост.