Тошковски: Немаме поим што се случува на границите, влегуваат преку диви патчиња и си излегуваат без никој да ги праша

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во вчерашното интервју на Топ Тема изнесе шокантни детали околу безбедноста на нашите граници. Тој посочи дека МВР нема контрола на тоа што се случува на државните граници.

„Сега глумиме дека знаеме што се случува на границите, но немаме поим. Тоа е вистината. Не можам да се лажам себеси, ниту вас, ниту македонската јавност. Сакаме да имаме сигурни граници или… Ни влегуваат преку диви патчиња и прават тоа што сакаат да направат во државата и си излегуваат без никој да ги праша. Дали целиот период наназад намерно е вака оставен системот? Во 21 век, со 49 души да покриваш 39 километри со физичко трчање по граница, за мене е надвор од умот. Има луѓе кои што си ја работат, но зборувам од менаџерска позиција“, кажаТошковски