Мицкоски со остар одговор до амбасадорите: Стана практика да се мешаат во државните работи, нека понудат решенија

Премиерот Христијан Мицкоски им одговори на амбасадорите на САД и на ЕУ, Ангела Агелер и Дејвид Гир, кои вчера рекоа дека се против распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет. Мицкоски рече дека „стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата“, додавајќи дека треба да понудат решенија за проблемот со доверба во судството.

„Ја слушнав таа изјава. Некако стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Но, во ред, дури и ако е така. За оваа коалиција гласаа 600.000 граѓани, се гледа дека тоа ништо не им значи. За политиките и програмата на оваа влада. Истите велат дека состојбата со правната држава е катастрофална. Истите во нивните извештаи велат дека криминалот и корупцијата цветаат. Довербата во Судскиот совет и во Обвинителскиот совет е на 2-3%, се гледа дека работите не функционираат. Логично е рационален и конструктивен човек кога гледа проблем да бара решение. Понудивме решение, океј, не се важни 600.000 гласови за амбасадорите, не е важна владината програма, ако знаат подобро решение нека дојдат да покажат, јас сум подготвен да разговараме“, рече Мицкоски