Андоновски: Поради „Балансерот“ ДУИ се заканува со безбедносна дестабилизација на државата

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во емисијата „Аргумент+“ на ТВ24 откри дека почнале притисоците од страна на ДУИ по најавите за укинување на „Балансерот“. Најпрво тие биле во форма на потсмев кога било кажано дека ќе се укинува за подоцна да преминат со закани за безбедносна дестабилизација

Андоновски истакна дека „Балансерот“ ќе се укинува фазно и дека во опција се можност за носење Закон за соодветна и правична застапеност при вработувањата или  промена на методологијата која сè уште е на сила, а за која беа надлежни Министерствата за информатичко општество и администрација и за политички систем.

Андоновски вели дека нема ниеден од овие наративи кој му е поблизок како опција што би го заменила „Балансерот“, туку дека најблиска опција му е таа која приматот ќе го стави на образованието, знаењето и на професионализмот на самиот кандидат за вработување.