Чибишев: 18-те лица што беа вработени од Бесија Иљази повеќе не работат на Токсикологија

18-те вработени кои добија ангажман од поранешната директорка Бесија Иљази повеќе не работат на Токсикологија откри новиот директор Андон Чибишев. Тој вели дека овие лица работеле со незаконски договори и со тоа внесувале немир помеѓу вработените и незаконски престојувале во институцијата со невалидни договори и довивале плата

„Со тоа Буџетот на Клиниката е оштетен за околу 650 илјади денари. Секој денар ни е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесуиран пред надлежните институции, кажа новиот директор на прес-конференција со медиумите, додавајќи дека повеќе нема да има „каубојски“ вработувања и ќе се вработуваат сите според законите на државата, односно преку конкурс.

За претходната директорка кажа дека не му оставила големи проблеми и добро е што си заминала дома

„Добро е што е сменета и си отишла дома. Не сакам веќе да мислам и да се занимавам со минатото затоа што ќе ми помине мандатот во занимавање со тоа што се случувало седум години“, рече д-р Чибишев.