Шокантна информација од Австралија- Македонското знаме забрането на Австралија Опен турнирот во тенис

Од Австралија пристигнува шокантна информација од годинешниот Австралија Опен. Македонското државно знаме од страна на организаторот на овој гренд слем е забрането да се внесува и истакнува на турнирот

Покрај македонското знаме во групата се уште руското, белоруското, палестинското и израелското, од оние државни знамиња како и знамиња кои поврзуваат национална припадност.

За дел од овие знамиња има реално и логично објаснување како што е војната во Украина, војната во појасот Газа но она што е енигма зошто македонското национално и државно знаме да е забрането.

Од Македонската заедница во Австралија го повикуваат Министерството за надворешни работи итно да реагира поради новонастанатата ситуација.