Змии се шетаат низ Скопје, Град Скопје нема служба за нивно заловување, алармира Апостолов

Змиите веќе неколку дена се главна тема меѓу граѓаните, со оглед, на високите температури. Надлежниите предупредуваат дека почнале да се појавуваат и во населени места, а од Центарот за управување со кризи велат дека нема бесплатно заловување на змии откако граѓаните ќе пријават. 

На темава, со фејсбук став, се јави и Ивица Апостолов, претседател на Здружение на медицински лаборанти - Клинички центар Скопје, а инаку е вработен во ЈЗУ Универзитетски институт за клиничка биохемија Скопје.

- Пред две недели испратив прашање до Градоначалникот на Град Скопје Данела зошто нема специјализирана служба за заловување и безбедно отстранување на змии во градов, а кој е преполн со змии поради шахтите кои се гнездо за размножување на глувци кои почнаа да шетаат по фасади? Нема одговор, женава није одавде, не прска против комарци, нема дератизација, нема поставување на репелери од Општините и Градот на кои им плаќаме купишта пари преку разни давачки и даноци, па мораме сами приватно да ангажираме служби за дезинфеција, дезинсекција и дератизација на штетници, пишува тој видно револтиран. 

- Она живи у подруму, а змии се шетаат на кејот на Вардар како луѓе што се шетаат, во Аеродром имам видено посебно, некни во Карпош кај Александар Палас, кај школото Кочо Рацин и спроти амбасадата на Србија кај новата куќа до резиденцијата и куќата на Панчев, а и кај МНР до паркингот, додава тој со цел да алармира за актуелниот проблем со змиите. 

Засега од Град Скопје молк за овој проблем.