Легло на змии во напуштена куќа во Драчево

Жители на Драчево реагира дека се појавило легло на змии во напуштена куќа на улицата „Јустинијан Први”, а змиите почнале да шетаат наоколу и да влегуваат по куќи, објави „Слободен печат“.

Во еден дом змијата влегла прво во дневната соба, а потоа почнала да шета насекаде. Луѓето се исплашиле па избезумени сите излегле во двор. По околу половина час, сопственикот на куќата заедно со син му влегле дома и ја пронашле змијата во креветот во спалната соба. Граѓаните велат дека во овој случај станувало збор за смок. Претходно и во друга куќа била пронајдена змија.