Вереникот на загинатата битолчанка Мартина објави потресно видео: „Расцветај, љубов мила, таму горе…“

Вереникот на 29-годишната Мартина Наумовска од Битола, која трагично загина во сообраќајната несреќа кај Солун, сподели емотивна снимка на „Инстаграм“.

На видеото, тој свири на гитара и заедно со Ѓоко Танески ја пеат песната „Расцветај“.

"Пред утрешниот ден, денес не можеш да ме сопреш…

Овој ангел не беше тивок, видео кое не ми дозволуваше да го објавам, сега има смисла, видео кое стои година и пол во драфт спремно да го објавам, сега има смисла зошто не сакаше, видео кое трае повеќе од 40 минути, друго немам, и секоја песна што е одбрана има смисла, но не ви го давам цело, не сакаше внимание, го добивме наметнато и трагично, затоа го објавувам, цел свет знае за тебе душо, а не знае ништо, покрај душата не беше свесна што поседува, и двајцата пеевме, но таа беше посебна, тивкиот ангел имаше неверојатен ангелски глас кој само јас го слушав, природна музичка интелегенција, едвај чекав да запееме и скришно снимав, се договоривме дека еден ден ќе пееме јавно, ја чувавме среќата само за нас, но сега гледам што значело ова видео, јас во црна маичка, а таа само сенка на нашиот магичен прозорец кој ја имаше Битола на дланка, беше толку добро да е вистинито, ја чувавме среќата само дома, не ја експониравме, но сепак џабе, сите знаеја што имаме и ни завидуваа, еве сега ситете се сите душегрижници.

Ристе го нема скриениот дијамант кој го брусеше со години, и бев најголемата поддршка и гориво во животот, ја охрабрував да си ги цени вредностите, беше многу храбра и се трудеше но секогаш велеше: “нема назад за вас, ѓаволот ве има земено длабоко под контрола”, за жал во право беше. Научете ја лекцијата од чупето, барем малку некогаш сетете се да помогните некому без интерес, не судете, почитувајте се, радувајте се на малите работи, бидете смирени, со молк како ангел ни држеше лекции и се разочаруваше, скромен ангелу не сме достојни да зборуваме за тебе, сите сме грешници, секогаш ни велеше: “блазеси ви на паметот што го имате, камо јас да можев така", гласи објавата на вереникот на Мартина.

Несреќата се случи во петокот во 12 часот на автопатот Игнација во правец кон Солун. Мартина во автомобилот била со уште две девојки на возраст од 24 и 25 години.

Според полицискиот извештај, автомобилот го управувала 25 годишната девојка, а Мартина била сопатник. Девојките се судриле со автомобил управуван од државјанин на Грција, а потоа во нив се забило уште едено возило. Мартина почина на лице место, а девојките беа со повреди префрлени во болница.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Riste (@riste.ilj)