Реакции од сите страни за свечената заклетва на новата претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова во Собранието.
Откако тааа не го употреби зборот „Северна“, бројни предупредувања за враќање на проблемот со соседна Грција поради непочитување на обврските од Преспанскиот договор.
Правилна ли е одлуката на новата претседателка?
Професорката Татјана Каракамишева од Правниот факултет со став:
- Член 123 од важечкиот Изборен законик го содржи текстот на свечената изјава што Претседателката на Македонија Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова требаше да го каже во својата заклетва, и го кажа, а тој гласи!
Бурни реакции на социјалните мрежи:
Мене ова со предкокнување зборови од заклетвата ми е инфантилно.
Разбирам инает ако може да се добие нешто од тоа, ама ако единствениот исход е загуба, зошто инаетот?
Го употребуваш кај што мора и работиш на зајакнување на земјата за да може да се смени еден ден во процедура.— Pavleski Ilija (@iPavleski) May 12, 2024
Зарем не е малку тажно тоа што Македонците еден банален чин од страна на висок носител на функција што кажал Македонија без северна го доживуваат како колективна катарза?