Внимавајте: Змии повторно шетаат низ Скопје

Скопјани предупредуваат на појава на змии низ главниот град, по дождовите кои беа активни во изминатиот период.

Граѓаните на социјалните мрежи се жалат дека за неколку дена забележале змии во Пржино и Кисела Вода, но се аплира и на внимателност ако се искачувате на Водно.

Жителите и на почетокот на јуни се пожалија дека „врие“ од змии низ градот, а како главна причина ја посочија состојбата на градот кој беше со неискосена трева.